Њујорк тајмс: Поранешен министер од Македонија вмешан во измамничка милионска зделка со заштитни маски

7,130

Продавач на половни автомобили,шеф на јавно трговско друштво и поранешниот македонски министер за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ, биле дел од шемата за набавка на заштитни маски – договор вреден 45 милиони американски долари, пишува Њуjорк тајмс.

Според весникот, овој невообичаен спој на луѓе биле вмешани во повеќемилионска шема за набавка на неопходната заштитна опрема во текот на смртносната пандемија на коронавирусот.






58 годишниот Роналд Романо, бил уапсен во својата куќа и обвинет е за обидот за профитирање од кризата со коронавирусот во Њујорк, затоа што лажно се претставувал како доставувач на заштитните медицински маски за здравтвените работници кои ги нудел по цена за 400 отсто повисока од вообичаената.

Ташковиќ, според Њујорк тајмс, имал разговори со уапсениот Романо за продажба на заштитните маски.

Адвокатот на Ташковиќ, тврди дека неговиот клиент не е дел од никаква измама и се дистанцирал од договорот уште пред да се разменат средства кога Романо одбил да ги достави бараните информации.

Поврзани содржини