Твитер-реакции за вакцините во Македонија: Србија ќе организира „Вакцинијада“ во Лесковац и таму ќе се вакцинираме
Додека сите земји во регионот се вакцинираат против коронавирусот, нашата земја сè уште нема информација кога точно ќе ги добие првите вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев постојано тврдат дека вакцините ќе пристигнат во втората половина на февруари или на почетокот на март, но од друга страна, пак, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел се сретнаа со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, но не добиле конкретен договор кога Македонија може да очекува вакцини од ЕУ.
Изворите на МИА во Европската Комисија (ЕК) порачуваат дека институцијата не е во можност во овој момент да даде рок и ветување за достава на вакцини поради тоа што и самите земји членки на ЕУ се соочуваат со недостаток на дози за своето население.
Во продолжение, ви пренесуваме дел од твитовите од македонските твитерџии порзани со вакцините:
Заев пред една недела си договори да земеме вакцини од Фајзер, а собранието денес гласаше да се земат вакцини од Фајзер.
Ќе им објасни ли некој на партиите која е функцијата на собранието?— Dime (5,06868 ден.) (@DimeS10cent) January 25, 2021
Србиве имаат 6 вида на вакцини. Какво време дојде, ќе треба да чекаме у Јуни да организираат Вакцинијада у Лесковац за да одиме да се вакцинираме и ние.
— Бапчо (@TheFitzzz) January 25, 2021
Се повторува состојбата со киднапирање. Лани големите киднапираа туѓи нарачани и платени респиратори а годинава вакцини.
Македонија нема проблем си тоа, ниту лани купи респиратори, ниту годинава вакцини— Латас (@LatasNews) January 25, 2021
Нас ни треба игра симулатор за ковид вакцини <3
— Урбан курбан (@ToniAudio) January 25, 2021
Пристигна пратката со вакцини од Србија
Пратката: pic.twitter.com/b1wYJu0Z1H
— На Сузе малиот (@nasuzemaliot) January 18, 2021
Да пуштевме пензионер во Pfizer само да праша нешто до сега ќе ни набавеше вакцини.
— Нефер тити (@SPedMN) January 24, 2021
Гвинеја има само 25 (дваесет и пет) вакцини. Исто толку повеќе од нас…
— PoliticMan (@politicman86) January 21, 2021
Ние маски чекавме да ни донираат, не па вакцини..
— НиК.Ола (@knockout0055) January 25, 2021
Еден момент во врска со пописот не ми е јасен. Со години го одложуваме. Доаѓа глобална пандемија. Немаме набавени вакцини, до пред некој месец бевме во топ 10 земји по број на починати на 1mn жители.
Како е добра идеја од врата на врата да одат луѓе и физички да не потпишуваат?!
— Diana of Themyscira (@wonderwoman3210) January 25, 2021