Твитер реакции за односот на Шилегов со пожарникарите: „Без пожарникари не можеме, без Шилегов едвај чекаме!“
Ако заминете – им рече Шилегов во тензичната расправија – ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари.
Скопските пожарникари со најава за нови протести, градоначалникот Петре Шилегов со закана дека ќе распише оглас и дека ќе прими нови пожарникари.
Пожарникарите побараа со платите да им се исплаќа надомест за опасност на работното место, а тој им рече дека за да се случи тоа, треба да се смени законот, во јуни 2021 година.
Пожарникарите ќе се преселат пред канцеларијата на градоначалникот Шилегов, но најавија дека нема да ги доведат граѓаните во опасност, бидејќи во секое време во нивната база ќе функционира дежурната чета подготвена за евентуални интервенции.
– Ако заминете – им рече Шилегов во тензичната расправија – ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може.
Такавиот негов однос наиде на голем број критики на социјалните мрежи, особено на Твитер. Ви пренесуваме дел од твитовите:
“Шилегов до пожарникарите: Ако ви е мала платата, најдете си друга работа”!?!?
– Страшен цинизам, страшна ароганција, губење контакт со реалноста! Тие луѓе не заслужуваат ваков третман. Дно!!!— Командант Марк (@milanzng) October 27, 2020
Ууу бре колку лош однос. Патем, Шилегов не ги плаќа пожарникарите, туку, граѓаните ги плаќаат + имаат синдикат и колективен договор, и баш да го видам од кај ќе најде нови за 19.000 денари. Касиери во КАМ во источна Македонија толку добиваат https://t.co/HXzNHWOepw
— Jane Dimeski (@Janakija) October 27, 2020
Утре ако се запали бараката на Шилегов, сестра Љубе нека дојде да му гасне пожар.
— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) October 27, 2020
Градоначалнику Шилегов, никој не Ве држи со сила на работа, ниту пожарникарите ги плаќате од свој џеб. Пожарникарите, за разлика од Вас, работат, ризикуваат и спасуваат животи. pic.twitter.com/ftrWtn9NHP
— Ивон Величковски (@IVelichkovski) October 27, 2020
Шилегов пријателе, ТИ не им даваш плата на Пожарникарите. Плата на нив, а и на тебе ти даваме ние, граѓаните.
Наместо ние да те строиме да даеш отчет, ти се ставаш у позиција на шериф и се понашаш као кочијаш. Срамно за особа шо се смета за Татко, а се однесуе ко очув на градот.
— Бапчо (@TheFitzzz) October 27, 2020
Шилегов: Васиљ акo ти е мaлa плaтaтa, сликај канти на друго место
— Мартиан (@MartianfromMKD) October 26, 2020
Можеби ни треба пожар како во Орегон за Петре Шилегов да ја разбете нивната пожртвуваност и храброст.
Кога ги спасиваат нашите живото и домови немаат политичка и нацијонална определба, тогаш се само херои.
Поддршка за пожарникарите!!! pic.twitter.com/mnqBJwfD3V
— Reagan (@us_reagan) October 27, 2020
Без пожарникари не можеме, без Шилегов едвај чекаме…
— Бомбица (@Bombica12) October 28, 2020
Колку само ниско е подмолно да се однесуваш кон луѓето кои влагаат во оган да спасат живот.Не заслужиле пожарникарите ваков мизерен третман. Шилегов срамота!
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) October 27, 2020
Шилегов до пожарникарите: Ако ви е мала платата, скенирајте фискални
Ајдеееее манга pic.twitter.com/ZjJh0FhRlV
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) October 27, 2020