ТВИТЕР РЕАКЦИИ ПО БАРАЊАТА НА СЛУПЧАНЦИ ДО ЕВН „Наплати ми колку за 4 фамилии у Слупчане и еве ти 600 денари за чоколадо да се облажиш малку“

„Предлог...и џепарац да им се дава секој месец и Слупчане држава у држава, одма у устав да се ставе...Нема лабаво како до сега“, „Да ги пуштиме да преговараат со Бугарија и ЕУ“.

1,009

„Наплати ми колку за 4 фамилии у Слупчане и еве ти 600 денари за чоколадо да се облажиш малку“, „Замисли влагаш у Тинекс и им викаш ја сум од Слупчане, сметкава максимум 3 иљадарки ќе ја куцаш, разбра?“, вака реагираше твитер-заедницата по вчерашните услови кои ги доставиле слуплачанци до ЕВН, а во спротивно се заканија дека никој нема да влезе во селото.

Имено жиителите на Слупчане ги условуваат екипите на ЕВН, за да им дозволат да влезат во селото. Наместо слободен пристап до трафостаницата, вработените во компанијата, тврдат дека се соочуваат со вербални и физички напади.






Жителите доставиле официјално барање до ЕВН, со кое инсистираат да им се простат сите досегашни долгови кои изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3000 денари, верските објекти да бидат ослободени од плаќање за електрична енергија и слични други барања кои се спротивни на законските регулативи, но ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

– Дали вака би направиле Македонците и што тогаш би се случило? Се гледа кој е граѓанин од прв, а кој од втор ред! – гласи еден од многуте коментари во оваа насока.

Сатирата на твитерџиите и овој пат „директно во целта“! Ова се најдосетливите реакции на твитерџиите:

– Да ги пуштиме да преговараат со Бугарија и ЕУ.

– Предлог…и џепарац да им се дава секој месец и Слупчане држава у држава, одма у устав да се ставе…Нема лабаво како до сега.

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини