ТВ СЕРИЈАТА НА ЗЕЛЕНСКИ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ ВО СВЕТОТ Претседателот на Украина во улога на претседателот на Украина

Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина.

402

„Ехо рајтс“ – мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски – сега вистински претседател на Украина.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина.






– Мислам дека постигнавме околу 15 договори минатата недела и во преговори сме со 20 други земји, рече сосопственикот на агенцијата, Никола Содерлунд. – Последниот пат разговаравме со (заинтересирани од) Латинска Америка, и разговараме со САД, Нетфликс, и други земји. Само во Италија четири медиумски куќи се борат за правата, а во Грција серијата веќе се прикажува во ударниот термин – додава тој.

Агентот смета дека тоа е и чин на солидарност со Украина, а во истовреме се работи и за љубопитност – луѓето сакаат да видите кој е Зеленски.

Поврзани содржини