ТВ КЛАН ДЕМАНТИРА ДЕКА ОБЈАВИЛА ВЕСТ ЗА СРЕДБА ТАРАВАРИ-МИЦКОСКИ Телевизијата ќе поведе истрага кој го злоупотребил нејзиниот службен меил
Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација – се вели во соопштението на ТВ Клан.
Телевизијата Клан соопшти денеска дека го повлекува вчерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил маил до други медиуми со непотврдена информација.
„Клан ТВ е во фаза на екипирање на нов состав на вработените и ќе истражиме дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да ѝ се наштети на телевизијата.
Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација.
Претходно од меил адреса на телевизијата Клан беше лиферувано соопштение во кое се тврди дека во текот на вечерните часови во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје наводно била одржана средба меѓу првиот човек на Алијанса на Албанците Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претходно и ВМРО-ДПМНЕ демантираше дека ваква средба се случила, и одговорноста за објавувањето таква лажна вест му ја припиша на поранешниот вицеперемиер Артан Груби.