📽 ТУРСКИ ТВ ВОДИТЕЛ ЈА ПРЕКИНАЛ ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО Барал посвојувачи за бебињата на редакциската мачка
Водителот Емре Буга не издржа да ја заврши емисијата без да го сподели она што му лежело на душа, а видеото со неговиот гест веќе има над 2 милиони прегледи.
Водителот од турската телевизиска станица TYT Türk, Емре Буга, направил нешто навистина извонредно. Имено, тој ја прекинал програмата за да им пренесе важна информација на гледачите – дека итно бара посвоители за преслатките мачиња.
Буга ги претстави овие неодоливи мали суштества на бирото и им кажал на гледачите дека ги донела на свет омилената редакциска мачка Лејла, миленикот на целата станица.
– Ги исчистивме бебињата од паразити и ги стерилизиравме, а тие се во одлична здравствена состојба. Им обезбедивме прекрасен простор за живеење, но дојде време да ги предадеме на некој што ќе се грижи за нив со еднаква љубов – рече Буга, кој го објави и видеото на својот профил на Инстаграм.
Таму, тој додаде дека толку се навикнал на мачињата што очите му се наполниле со солзи кога го најавил своето заминување и им се заблагодарил на колегите што биле толку грижливи цело време и што се погрижиле на мајката и на нејзините бебиња да не им недостасува ништо од минута во минута.
Видеото оттогаш има над 2 милиони прегледи на неговиот профил, па сигурно охрабрило многумина да се пријават и да се понудат како згрижувачи.
Погледнете го извонредниот момент што се емитуваше во живо подолу.
View this post on Instagram