📷 ТУРСКИ АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА ОД ПАТОТ КАЈ МАТКА За малку ќе се превртеше на кров

Несреќата се случила кога автобусот се вратил назад со цел да се размине со друг автобус.

1,836

За малку избегната трагедија на патот кај Кањонот Матка. Туристички водич кој долг период алармира дека ова е многу критична улица, испрати фотографии на кои се гледа како турски туристички автобиус чие задно тркало е пропаднато покрај коловозот на скопска Матка, а возилото е видно закосено, објави порталот Експрес.

Несреќата се случила кога автобусот се вратил назад со цел да се размине со друг автобус.






Водачот на групата вели дека дека причината е лошиот и тесен пат, и иако нема повредени патници, сите се видно вознемирени. Инаку, автобусот бил полн со туристи од Турција.

За среќа не дошло до превртување.

Поврзани содржини