ТУРСКА СЕРИЈА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Осуммина Турци се тепале за пари, полицијата ги приведе

Полицијата приведе осум лица на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, откако започнале тепачка пред сведоци поради финансиски несогласувања. Инцидентот е документиран, а ќе следуваат и поднесоци.

2,208

Осум државјани на Република Турција се уапсени на скопскиот аеродром откако настанала физичка пресметка меѓу нив поради нерешени должничко-доверителски односи.

Како што информира МВР, на 24 јули 2025 година во 18:19 часот, на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Ј.А. (36), Д.Ј.Е. (27), Д.С. (36), Д.Х.А. (44), Д.Б. (37), Д.Х. (40), Д.А. (66) и Д.М. (62), сите од Република Турција. Според пријавеното, тие меѓусебно се пресметале физички на аеродромот, нарушувајќи го јавниот ред и мир.






Причина за тепачката, како што дознава полицијата, се долгови и нерасчистени финансиски релации меѓу осомничените. Случајот е целосно документиран, по што ќе следуваат соодветни поднесоци против сите инволвирани.

Поврзани содржини