ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ И УЛИЧЕН БАСКЕТ „БИДИ ШАМПИОН“ Спорт и другарство на терен викендов во Охрид и во Битола
Од 31 мај до 21 јуни, Видеолотарија Касинос Австрија го организира турнирот Биди шампион. Ќе се одржат 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години.
Видеолотарија Касионс Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, веќе цела деценија го поддржува спорот. За спортски успеси, потребна е спортска инфрастуктура и спортски таленти. Во таа насока, во текот на изминатиот период со донаторски буџет од милион евра, компанијата стави во функција 20 игралишта, од кои 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.
– Со радост и задоволство информираме дека на реконструираните мултифункционални игралишта ширум Македонија, започнуваме турнир Биди шампион на 31.05.2025 со кој преку спортот промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности. Во рамки на турнирот планирана е серија натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години. Планирани се 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет. Мини турнирот е организиран како систем по групи, по што ќе следи вкрстување во нокаут фаза – објаснија од Видеолотарија.
Биди шампион не е само натпревар, туку и порака дека секој млад човек може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Првите натпревари ќе бидат одиграни во текот на претстојниов викенд на 31.05 и 01.06 во Охрид и во Битола. Секое дете ќе добие соодветна спортска опрема и подароци. Финалниот натпревар ќе се одигра на 21 јуни. Турнирот ќе го следи тим од стручни лица.
– Со турнирот Биди шампион сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани – додаваат од компанијата од каде очекуваат сите натпревари да бидат вистинско спортско доживување за децата.