Туризмот продолжува да тоне! Во јуни пад од 95,6 проценти кај туристите и 94,6 проценти кај ноќевањата

Бројот на домашните туристи, пак, во јуни оваа година, во однос на истиот месец минатата година, е намален за 88,9 отсто, а на странските туристи е помал за 97,9 отсто.

264

Пандемијата со ковид-19 најмногу ја погоди туристичката дејност која и во јуни продолжува да бележи катастрофални резултати.

Според денешните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во јуни бројот на туристите изнесувал 5.210, а на остварените ноќевања 14.179. При тоа, туристи имало за 95,6 проценти помалку во споредба со истиот месец лани, а падот од остварени ноќевања е 94,6 проценти.






Бројот на домашните туристи, пак, во јуни оваа година, во однос на истиот месец минатата година, е намален за 88,9 отсто, а на странските туристи е помал за 97,9 отсто.

Домашните туристи оствариле за 90,1 отсто помалку ноќевања, а странските за 96,6 отсто, споредено со месец јуни 2019 година.

Во првите шест месеци од годинава, јануари-јуни, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за вкупно 71,8 отсто и тоа: кај домашните туристи падот е 64,8 отсто, а кај странските 74,8 отсто. Во шесте месеци од 2020 година, во однос на истиот период од 2019, вкупниот број на ноќевањата е помал за 71,3 отсто, кај домашните туристи намалувањето е за 64,1 отсто, а кај странските 75,3 отсто, објави ДЗС.

Поврзани содржини