ТУРИСТКА ПАДНАЛА ВО ДУПКА НА ГРАДИЛИШТЕ ВО ОХРИД Жената завршила во болница со тешки повреди

Несреќата се случила во неделата, а поради тежината на повредите, повредената жена е итно пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“, каде што ѝ е укажана медицинска нега.

687

Жена туристка завршила со сериозни повреди откако, според очевидци, неочекувано пропаднала во дупка на градилиште лоцирано на улица Партизанска во Охрид, објави Охрид 1.

Несреќата се случила во неделата, а поради тежината на повредите, повредената жена е итно пренесена во Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“, каде што ѝ е укажана медицинска нега.






Засега нема официјална информација за нејзината здравствена состојба, но според првичните извештаи, станува збор за тешки телесни повреди.

Поврзани содржини