Гостите кој се сместени во хотелот „Олеа гарден“ се во своите соби и продолжуваат со својот одмор, како што и првично имаа резервирао и уплатено, се наведува во демантот на туристичката агенција „ЈК Травел“.
„Станува збор за непроверена информација која произлезе од кратко недоразбирање. Во ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Ова го тврдиме најодговорно. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор. Истото можат да го потврдат и гостите кои се сместени во гореневедениот сместувачки капацитет. И самиот хотел се очекува во најбрз временски период да испрати официјален допис со кој ќе ја демантира оваа невистина“, се наведува во демантот од туристичката агенција.
Можеби ќе ве интересира
„ЈК Травел“ постои 16 години, а задоволството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење, порачуваат од агенцијата.
Револтирани туристи доцна попладнево се обратија до медиумите, меѓу кои и до Плусинфо, со тврдење дека хотелот „Геракини Ситониа вилиџ“ на втириот крак на халкидики во Грција, денеска им го прекинал одморот на 10 македонски семејства со деца, поради нерасчистени сметки со туристичката агенција „ЈК Травел“.