ТУРИСТИ СО ЧАСОВИ БЕА ЗАГЛАВЕНИ НА МАТКА Турскиот автобус е тргнат од патот

4,717

Отсранет е автобусот, нема повредени и патот е отворен за странските автобуси полни со туристи кои чекаа да се расчисти хаосот од несреќата која се случи во 11:40 часот во Долна Матка, кога автобус со турски регистарски ознаки полн со туристи се излизга во патот и удри во заштитната ограда.

По неколку часа автобусот е тргнат од местото на несреќата каде може да се забележат трагите од гумите во земјата, отворајќи го патот и за останатите десетина автобуси и околу 1500 странски туристи, објави Канал 5.






Патниците и туристичкиот водич на групата Тухан Беадин сведочат дека автобусот се излизгал од патот и со задното десно тркало удрил во банкината пришто автобусот се искривил надесно. Ова се случило додека автобусот се враќал наназад по тесниот пат со цел да се размине со друг автобус.

Поврзани содржини