ТУРЦИТЕ И СРБИТЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА Во септември нè посетиле 32.950 Турци, 8.830 Срби, а ни доаѓаат и многу Германци и Полјаци
Во септември годинава во Македонија се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Во септември годинава во Македонија се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262.686 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75.4 % се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8% ги оствариле домашните туристи, а 68,2% странските.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле земјава се од Турција 32.950, од Србија 8.830, од Германија 6.615 и од Полска 3.577.
Во периодот од јануари до септември 2025 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8%. Кај домашните туристи има намалување за 1,4%, а кај странските има зголемување за 9,6%.