ТУРЦИЈА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ ЌЕ ГИ УГОСТИ ЗЕЛЕНСКИ И ПУТИН Ердоган ги повика двајцата лидери на состанок, штом ќе бидат подготвени

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој денеска имаше долга средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски. нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето отворени канали за комуникација меѓу Москва и Киев.

98

Турција е подготвена да ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин кога ќе бидат подготвени за состанок, порача денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За време на средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени моменталната ситуација како историска можност за почеток на преговори меѓу Русија и Украина. Тој изрази силна поддршка од Турција за дијалогот, како на техничко ниво, така и на највисоко лидерско ниво.






Ердоган ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски. Нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето отворени канали за комуникација меѓу Москва и Киев.

Средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски во претседателскиот комплекс во Анкара траеше 2 часа и 45 минути и беше затворена за медиумите.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, директорот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин и советникот на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

По средбата во Анкара,  украинската делегација заминува во Истанбул, на средба со руската делегација.

Поврзани содржини