ТУРЦИЈА, ЕГИПЕТ И ПАКИСТАН ПОСРЕДУВААТ ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА Индиректни преговори меѓу САД и Иран

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф и со шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.

0

Турција, Египет и Пакистан во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да го деескалираат конфликтот на Блискиот Исток, објави американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски извор.

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф и со шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе изворот.






„Медијацијата е во тек и постигнува напредок… Во тек се разговори за завршување на војната и за решавање на сите преостанати прашања. Се надеваме дека наскоро ќе имаме одговори“, рече неименуваниот извор.

И Си-Ен-Ен денеска објави, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, дека неколку земји во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да ги намалат растечките тензии околу енергетските централи.

Истовремено, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, доби предупредувања од неколку функционери во регионот дека заканата на Трамп за напад врз иранските електрани може да предизвика силна одмазда, вклучително и напади врз американските сојузници во Персискиот Залив, наведе Си-Ен-Ен.

И покрај интензивната комуникација, не е јасно колку страните напреднале во разговорите за постигнување „целосно и конечно решение“ за војната, како што објави денеска претседателот Трамп на неговата мрежа Трут соушл. Иран, пак, негираше дека се во тек преговори.

ПРЕСВРТ • ТРАМП ГИ ОДЛОЖИ НАПАДИТЕ, НАФТАТА ПАДНА Разговорите со Иран ќе траат цела седмица

Поврзани содржини