ТУРЦИЈА Е ВО НЕБРАНО, Ѝ ТРЕБА ГАСОТ ОД РУСИЈА Анкара преговара со САД за да ја пуштат да зема гориво од Москва

Не ја разбираме администрацијата на Бајден што заминува, изјави министерот за енергетика на Турција. Ако Турција не добие изземање од санкциите против Русија, вели тој, целта не е Русија, туку Турција.

549

Турција преговара со САД за изземање од санкциите против Русија за да продолжи да купува руски гас, изјави министерот за енергетика Алпарслан Бајрактар.

Говорејќи по состанокот на владата, Бајрактар ​​посочи дека одлуката на САД да воведат санкции за Гаспромбанк, делумно во сопственост на гасната компанија Газпром, може да создаде проблеми за Турција.






– Можеме да ги почувствуваме последиците. Нема да можеме да платиме, а ако не можеме да платиме, нема да можеме да купиме гас. Нашето Министерство за надворешни работи продолжува со преговорите за ова прашање – рече тој.

Министерот нагласи дека на неговата земја ѝ е потребен гас за да ја обезбеди побарувачката и потсети дека исклучок за гасот е применет со санкциите против Иран.

– На нашата индустрија ѝ треба гас. Како што знаете, имаше санкции против Иран во минатото, но имаше исклучок за природниот гас. Ние сакаме таков исклучок од САД и за рускиот природен гас – рече тој.

Бајрактар ​​истакна и дека чекорот се прави на крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден.

– Не ја разбираме администрацијата на Бајден што заминува. Остана уште месец и половина. Негативната страна е што е тешко да се укинат овие ембарга преку ноќ. Ако Турција не добие изземање, целта не е Русија, туку Турција. Нели е така? – праша министерот.

Поврзани содржини