ТУРБОФОЛКЕРИТЕ МУ ОДЕЛЕ НА НЕРВИ, НО… Хрватскиот претседател не ја поддржува забраната за концертот во Пула

Би им дозволил да имаат концерт. Имаат тие публика, па половина од ХДЗ тоа го слушаат, рече Милановиќ.

1,084

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека турбофолк музиката му оди на нерви, но и дека тој не ја поддржува културата на забранување работи. Па така, Милановиќ е против забраната која ја најави градоначалникот на Пула за концертот на кој, меѓу другото, на 25 март годинава требаше да настапат Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.

– Не ја сакам таа музика, никогаш не можев да ја поднесам. Ми оди на нерви, ме болат коските. Јас не би ја бранел. Одлуката на градоначалникот на Пула е да не го дозволи концертот бидејќи таму ќе има жени – рече Милановиќ.






Тој сепак признава дека половина од партијата ХДЗ ја слуша оваа музика.

– Не би ги забранил повеќето работи. Не ми се допаѓа таа култура за забрана. Би им дозволил да имаат концерт. Имаат тие публика, па половина од (партијата) ХДЗ тоа го слуша – рече Милановиќ.

Поврзани содржини