ТУРА НИЗ ПОСТЗЕМЈОТРЕСНИТЕ ОБЕЛЕЖЈА ВО ЦЕНТАР Бесплатна прошетка со стручен водич

30

Сите заинтересирани граѓани можат да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид.

Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за Градскиот ѕид, Главната пошта, Градскиот трговски центар , Македонска академија на науките и уметностите и др.

За учесниците е обезбеден пијалок и ужина, како и разгледници со репродукции од ремек-дела на БРУТ СКП, кои ќе бидат доделени како симболичен сувенир од оваа прошетка.

Прошетката е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, преку која се реализира едукативната програма „Центарски прошетки“ со цел да се придонесе кон поголема информираност, подобро запознавање со градското наследство и активно вклучување на граѓаните во културниот живот.

Поврзани содржини