Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја.

174

Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот – „Тур де Франс“ можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА.

Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот, е речиси целосно во прекин.






Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја.

Поврзани содржини