ТУМОРОТ Ѝ ГО ЈАДЕЛ ЗГЛОБОТ Спасени двајца пациенти со коскено ткиво од починати донори

Кај 45-годишен маж била отстранета коскена циста и му била трансплантирана здрава коска од починат донор за да се спречи натамошно оштетување на коскеното ткиво. Тимот на ортопедија го извел зафатот со висока прецизност. Кај втората пациентка, 65-годишна жена, бил дијагностициран редок тумор на подлактицата. По биопсија, туморот бил целосно отстранет, а местото пополнето со здрава донорска коска. Двете операции се дел од современите интервенции што се применуваат на ТОАРИЛУЦ.

132

На Клиниката за ортопедски болести при ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија (ТОАРИЛУЦ) успешно се изведени 2 сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената на современи и високоспецијализирани медицински интервенции во областа на ортопедијата и на трауматологијата во нашата земја, соопшти Министерството за здравство.

Во првиот случај е извршена операција на коскена циста кај 45-годишен пациент. Интервенцијата ја спроведе стручен тим, во состав: проф. д-р Милан Самарџиски, доц. д-р Александар Трајановски, д-р Билјана Лазарова, специјализант по ортопедија, анестезиолог д-р Марина Темелковска, инструментарка с. Кристина Реџеп, помошник инструментар д-р Оливера Лазаревска, сестра анестетичар Гордана Захариева и болничарка Снежана Тодоровска.






Втората трансплантација беше изведена кај 65-годишна пациентка со дијагностициран гигантоцелуларен тумор на дисталниот дел од радиусот на десната подлактица. По претходно направена биопсија е заменето туморското ткиво со здраво коскено ткиво од донор. Интервенцијата ја водеше специјалист ортопед и супспецијалист трауматолог д-р Резеарт Далипи, заедно со тимот: д-р Маја Неделковска, специјалист ортопед, д-р Симона Карапанџевска, специјализант по ортопедија, д-р Искра Шојлевска–Јовановска, специјализант по ортопедија, анестезиолог д-р Јадранка Зафировска, анестетичар Мерита Рамадани, инструментарка Оливера Лазаревска, помошна инструментарка Сања Тодоровска, радиолошки техничар Силвана Стојковска и болничар Сејнур Идриз.

Двете интервенции се реализирани во соработка со д-р Милена Богојевска Доксевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивната банка.

– Огромна благодарност до сите членови на тимовите вклучени во трансплантациите, како и до семејствата на донорите. Зајакнување на знаењата и вештините, следење на современите европски трендови и воведување нови методи во трансплантологијата се нашиот постојан императив – истакна националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.

Поврзани содржини