Тухел може да го замени Лампард во Челзи

Раководството на Челзи во скоро време може да го отпушти Лампард по неколкуте слаби резултати во серија.

274

Томас Тухел би можел да биде новиот тренер на Челзи, објави „Билд“. ПСЖ пред два дена ја прекина соработката со германскиот фудбалски стручњак кој се врати во татковината.

Раководството на Челзи во скоро време може да го отпушти Лампард по неколкуте слаби резултати во серија.






Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, имаше преговори со Тухел, уште кога тој работеше во Борусија од Дортмунд.

„Сините“ вечерва одиграа 1:1 со Астон Вила. По 16 натпревари, Челзи собра 26 бода во Премиер лигата и е надвор од зоната на Лигата на шампионите.

Поврзани содржини