Туѓи бизниси, туѓи оставки, туѓи држави

Не може еден бугарски политичар да се разбуди на погрешна страна од креветот и да реши дека, ете, сега е време да се меша во македонските внатрешни работи.

1,310

Се разбудил еден бугарски политичар рано наутро и си рекол: „Знаеш што, денеска ќе барам оставки од македонски политичари! Зошто? Затоа што ми се може!“

Ова сценарио звучи како заплет на некоја евтина сапуница, ама за жал, се случува и во реалноста. Да побараш оставка од македонски политичар, а ти да си бугарски политичар, звучи малку… како да се обидуваш да нарачаш тавче гравче во ресторан во Софија и да се буниш дека готвачите претерале со чубрицата.






Замислете да живеете во свет каде што секој може да бара оставка од секого.

„Извини, шефе на соседната фирма, не ми се допаѓа како го водиш бизнисот. Дај оставка!“

Нелогично? Апсолутно! Туѓ бизнис, туѓа работа.

Ама очигледно, во политичкиот свет логиката е нешто што може да се свие како ластик и да се прилагоди на лични интереси.

Наместо да се фокусираме на тоа како да ги подобриме односите со соседите и да градиме мостови, некои изгледа мислат дека ќе успеат да си ја подобрат популарноста со тоа што ќе си дозволат да бараат оставка од македонски политичари.

Не може еден бугарски политичар да се разбуди на погрешна страна од креветот и да реши дека, ете, сега е време да се меша во македонските внатрешни работи.

Оти, оставките не се на распродажба. Не можете да ги нарачате од интернет или да ги најдете на попуст во некој локален маркет.

Ако воопшто треба да се размислува за оставки, тоа ќе си го решиме ние, во нашата држава, со нашите политичари, а не некој кој има повеќе време за туѓи работи отколку за свои.

Поврзани содржини