ТРУДО СЕ ОГЛАСИ ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА НА ГРАНИЦА СО САД Собираме информации и разговараме со Американците за инцидентот
Американските медиуми претходно објавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил на „Мостот Виножито“, во близина на Нијагарините водопади, кои ги поврзуваат САД и Канада.
Канада собира информации за возилото кое експлодира на граничниот премин со Америка и разговара со американски претставници за инцидентот, изјави вечерва канадскиот премиер Џастин Трудо.
– Се обидуваме да ги собереме сите информации. Ние обезбедуваме поддршка. Разговараме со Американците – рече Трудо за време на говорот во Долниот дом на канадскиот парламент, пренесува АП.
Тој додаде дека Канада затворила неколку гранични премини и размислува за дополнителни безбедносни мерки.
Американските медиуми претходно објавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил на „Мостот Виножито“, во близина на Нијагарините водопади, кои ги поврзуваат САД и Канада.
Федералното биро за истраги (ФБИ) соопшти дека инцидентот се истражува како обид за терористички напад.