ТРУДНИЦИТЕ И ДОИЛКИТЕ ТРЕБА ДА ВНЕСУВААТ ХОЛИН ЗА РАЗВОЈ НА МОЗОКОТ НА ДЕТЕТО Јајцата се најголемиот извор на овој нутриент
Експертите веруваат дека трудницата треба да зема најмалку 450 милиграми холин секој ден, а идеално е околу 900 мг. Јајцата се најголемиот извор на холин, а USDA известува дека 100 грама јајца обезбедуваат 250 мг холин.
Др. Стивен Цејсел, нутриционист од Универзитетот во Северна Каролина, изјавил за Дејли Мејл дека помалку познатиот суштински хранлив холин може да биде клучен за развојот на човечкиот мозок, но многумина не го консумираат во доволни количини, особено бремените жени и децата во раните години.
Тој вели дека истражувањата покажале дека оваа хранлива материја е неопходна за правилен развој на мозокот и дека жената треба да ја консумира за време на бременоста или додека дои за да му ја пренесе на бебето. Меѓутоа, истражувањето исто така покажало дека децата кои не внесуваат доволно холин во првите три години од животот на крај добиваат полоши резултати на когнитивните тестови и често имаат полош опсег на концентрација од нивните врсници.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.