„ТРПИШ ПОЛИТИЧКА ОДМАЗДА И ПРОГОН“ Мајката на Груби му го честита роденденот

1,443

Зира Груби, мајката на поранешниот вицепремиер Артан Груби, денеска преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот на синот кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница.

„Денес, кога твоето отсуство е позабележително од присуството на сите други заедно, кога за твоите дела се зборува затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја, кога гледаа како се управувани и како се исполнува дадениот збор, и кога некои кои не успеаја да го направат она што тебе ти успеа, па сакаат да уништат и елиминираат сè што е постигнато…






…Јас, твојата мајка, погорда од кога било, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАНЕ и се молам да имаш здравје и среќа, и оваа политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот, да ја доживее судбината на тој прогонувачки систем и дека вистината ќе победи по Божја волја!

Никогаш не заборавај дека те сакаме. Животот е полн со тешки и убави времиња. Учи од сè што можеш и стани човекот што знам дека можеш да бидеш“, напиша мајката на Груби на неговиот отворен профил на Фејсбук.

Поврзани содржини