🎥 ТРОЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ВО СРБИЈА ЗАПАЛИЛЕ ЗГРАДА И СНИМАЛЕ Пожарот инстантно се проширил и зафатил 1.000 метри квадратни
Пожарот предизвика загриженост кај граѓаните, па затоа е многу важно тоа што огнот бргу беше ставен под контрола и што е најважно, нема жртви или повредени, изјави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Полицијата во Крушевац до Вишото јавно обвинителство во овој град ќе поднесе кривична пријава против двајца 15-годишници и против еден 14-годишник. Се сомневаат дека вчера околу 18.30 часот предизвикале пожар во монтажните објекти на старата фабрика ФАМ во Крушевац, кој се проширил и на другите делови од фабриката, а потоа го снимиле со мобилен телефон, објави К1 инфо.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека полициски службеници во Крушевац сослушале тројца малолетници во присуство на нивните родители, старатели, бранители и во присуство на Центарот за социјална работа, како и дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување јавна опасност.
Дачиќ изјави дека полицијата бргу ги пронашла осомничените со интензивна оперативна работа, им биле одземени мобилните телефони, со кои го снимале пожарот, и дека ќе бидат предмет на понатамошна истрага.
– Пожарот предизвика загриженост кај граѓаните, зафати околу 1.000 метри квадратни, затоа е многу важно тоа што огнот бргу беше ставен под контрола од страна на противпожарната и спасувачката единица Крушевац и што е најважно, нема жртви или повредени – рече министерот Дачиќ.