ТРОЈЦА РАБОТНИЦИ СЕ ПОВРЕДЕНИ Синоќа нешто експлодирало во погон на поранешна Железара
Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
МВР соопшти случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.