Тројца пријатели пронајдени масакрирани на Флорида (ВИДЕО)
Тројцата пријатели отишле на езерото да робарат но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување.
Полицијата во Флорида го испитува убиството на тројца блиски пријатели кои биле претепани и застрелани на езеро додека рибареле. Убиството се случило во петок на езерото Стрит во Фростпруф, каде што биле пронајдени нивните тела.
– Најдовме ужасна сцена – изјави шерифот Грејди Џад.
Тој додаде дека тоа е едно од најстрашните во неговата кариера.
Телата на тројца пријатели, 20-годишниот Демион Тилман, 28-годишниот Брендон Ролинс и 30-годишниот Кивин Спрингфилд, како што рече шерифот, биле масакрирани.
Тројцата пријатели отишле на езерото да робарат но биле нападнати неколку минути по нивното пристигнување.
Полицијата била известена од таткото на Ролинс, кого го разбудил неговиот син со повик за помош.
– Тој дошол на местото на злосторството околу десетина минути по повикот и го нашол неговиот син како сѐ уште покажува знаци на живот, а другите двајца пријател се веќе мртви – изјави шерифот.