ТРОЈЦА ПОЗИТИВНИ, РАКОМЕТОТ ВО АУТ Откажан натпреварот со Израел

Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11 заминуваат за Дебрецин, Унгарија.

1,908

Поради тројца позитивни ракометари во репрезентацијата на Израел откажан е денешниот пријателски натпревар со Македонија. Овој натпревар требаше да биде последна контрола пред настапот на Европското првенство во Унгарија и во Словачка, откако вчера го совладавме Израел со 32:28.

Македонските ракометари ќе тренираат во Скопје до 10 јануари, а веќе на 11 заминуваат за Дебрецин, Унгарија. Првиот натпревар треба да го играат против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна со Црна Гора, а во последниот натпревар од Групата А со фаворитот Данска.

Поврзани содржини