ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО ВЕРИЖЕН СУДИР Двајца избегале од местото на несреќата

Во 13 регионалниот пат Делчево-Бигла-Каменица е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

89

Три лица се повредени по верижна сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12:50 часот на регионалниот пат Делчево-Македонска Каменица, во близина на Мотел Парк Панорама и месноста Баткова Чешма.

Според информации на Итната медицинска помош, повредените се хоспитализирани и дел од нив се упатени во најблиските клинички центри. Бројката на повредени, како што додадоа, може да биде поголема, поради поголемиот број патници кои се наоѓале во возилата кои учествувале во верижниот судир.






На местото на несреќата увид вршат екипи на делчевската полиција, а присутно е и возило на противпожарната единица од Делчево.

Полицијата информира дека двајца од учесниците во сообраќајната несреќа побегнале од местото на несреќата.

Дополнителни информации за причините за несреќата и бројот на повредени лица од полицијата најавија во текот на денот.

Во 13 регионалниот пат Делчево-Бигла-Каменица е затворен за сообраќај, соопшти АМСМ.

Поврзани содржини