Тројца повредени во сообраќајка на Партизанска
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.
Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар Партизански одреди и булевар 8-ми Септември во Скопје, соопшти МВР.
– Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица – велат од МВР.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а еден во болницата „Свети Наум Охридски“.