ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВСКО СЛАТИНО Повредените биле однесени во болницата во Тетово

105

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, соопшти полицијата.

На 23.01.2026 година во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај селото Слатино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И. (33) од селото Доброште, Тетовско и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х. (36) од селото Нераште, Тетовско.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил и сопатникот Б.А. (26) од  Нераште, констатирани во Клиничка болница Тетово.

 

Поврзани содржини