Три лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа која вчера на пладне се случи на крстосницата од булевар Партизански одреди“ со улиците Љубљанска и Московска, кај „Сити Мол“, соопшти МВР.
Во несреќата, како што информира МВР, учествувале „форд“, со охридски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(48) од Охрид и „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Х.Б.(40) од Скопје.
„Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил В.Т., а со телесни повреди сопатникот од истото возило С.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил С.Х.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, посочуваат од МВР.
Бил извршен увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
фото: МИА