ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ БАШИНО СЕЛО Татко, мајка и ќерка биле пренесени во Општата болница во Велес
Во несреќата има тројца повредени, семејство од кое 43 годишната ќерка, возач има полесни повреди, а со потешки телесни повреди се здобиле нејзините татко кој бил совозач и мајката која седела назад. Сите повредени се вон животна опасност.
Патниот правец од наплатаната станица Сопот према Гевгелија од 17:35 часот е повторно нормализиран кај крстосница Башино село, информираше АМСМ. Кон 16 часот попладнево на наплатната рампа кај Башино Село над Велес се случи сообраќајка, а сообраќајот беше пренасочен низ градот Велес.
Како што информира за МИА д-р Ќами Амзиу од Службата за брза помош од Велес, кој прв со медицинска екипа бил повикан на местото на настанот, во несреќата има тројца повредени, семејство од кое 43 годишната ќерка, возач има полесни повреди, а со потешки телесни повреди се здобиле нејзините татко кој бил совозач и мајката која седела назад. Сите повредени се вон животна опасност.
Тие по укажаната прва помош веднаш со медицинско возило се препратени на понатамошно лекување во Ургентниот центар на велешката Општа болница.
Повредената 73-годишна жена М.И. од Гевгелија од сообраќајката кај Башино Село кај Велес попладнево по приемот во велешката Општа болница и направени снимања поради сериозноста на повредите – скршеници на натколеница вечерва со возило на Итна помош е препратена на понатамошно лекување во Скопските клиники. Таа е вон животна опасност, информира за МИА Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.