Три лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа синоќа во 23:55 часот на магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу три патнички моторни возила, „голф” со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М. (34) од с.Облешево, „тигуан” со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј. (27) од с. Мојанци и „ауди А4″ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ. (34) од Виница.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило „голф” М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило „тигуан” С.Ј. (51) и Ж.Ј. (47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани“, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.