Тројца починати и 10 новозаболени од ковид-19 во последните 24 часа

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.

643

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје регистрирани се 10 новозаболени со ковид-19, битката со вирусот ја загубија три лица, додека 17 пациенти се водат како оздравени.

Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19 од Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по едно лице.






Регистрирани се 17 оздравени пациенти од Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76), Дебар (69) и Кичево (65). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Направени се 2.302 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–18, МАНУ-31, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-244, Биотек-136, Систина-90, лабораторија Лаор-173, Синлаб-21, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа–3, Никоб лаб-322, ВФВ Медикал-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 795.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 68.651, активни 89, Куманово 8.882, активни 32, Прилеп 8.327, активни 19, Тетово 7.246, активни 23, Битола 6.304, активни 6, Велес 5.473, активни 5, Гостивар 5.181, активни 7, Кавадарци 5.154, активни 1, Охрид 5.019, активни 17, Штип 4.960, активни 1, Струмица 4.118, активни 5, Струга 2.981, активни 1, Кочани 2.792, активни 1, Кичево 2.593, активни 14, Гевгелија 2.195, активни 1, Неготино 2.184, активни 0, Свети Николе 1.524, активни 1, Ресен 1.234, активни 0, Крива Паланка 1.227, активни 5, Радовиш 1.161, активни 1, Берово 1.029, активни 0, Делчево 973, активни 1, Дебар 941, активни 0, Виница 886, активни 4, Пробиштип 789, активни 0, Валандово 666, активни 0, Богданци 494, активни 0, Крушево 490, активни 1, Демир Хисар 400, активни 2, Демир Капија 396, активни 0, Кратово 377, активни 3, Македонски Брод 359, активни 1, Пехчево 268, активни 0, Македонска Каменица 249, активни 0 и Дојран 132, активни 0.

Поврзани содржини