Тројца пешаци биле повредени вчера на кумановските улици, соопшти полицијата.
На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булеварот Трета македонска ударна бригада и улицата Страшко Симонов во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово.
На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците Драги Шутевски и Романовска во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово.
На 26.07.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата Борис Кидрич во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово.