ТРОЈЦА МРТВИ ВО СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ Автомобил се забил во автобус

Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот.

1,967

Три лица ги загубија животите околу 16 часот на автопатот од Тетово кон Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, имало судир помеѓу возило „опел“ со тетовски регистарски таблички и автобус.

– Две лица, маж и жена, починаа на местото на настанот, додека една жена починала во Клиничката болница во Тетово, каде што исто така е однесено и повредено дете за да му се пружи лекарска помош – се вели во првичната информација од СВР Тетово.






Јавен обвинител, противпожарни екипи и полиција се на местото на настанот за спроведување на увидот. Од СВР Тетово најавија подетални информации откако ќе биде документиран случајот.

Во меѓувреме, соопштение пристигна од Јавното обвинителство:

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на локација на автопатот кон Скопје каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а едно дете е повредено. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при контакт меѓу автомобил и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата сега починати и повреденото дете излетал од патот. Се преземаат сите дејствија за испитување на причините и на околностите поради кои дошло до контакт меѓу возилата и до несреќата. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, а за возачот на автобусот наредено е испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции. Возилата се одземени за технички преглед на нивната исправност во моментот на сударот. За целосно разјаснување на сообраќајната ситуација на лице место беше повикано и стручно лице – вештак од областа на сообраќајот, а дополнително ќе биде изготвено и комплетно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на трагите подигнати на лице место, фотодокументацијата и другите докази“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини