ТРОЈЦА МРТВИ И 11 РАНЕТИ Пукале врз толпа на прометна улица во Филаделфија

330

Три лица загинаа, а 11 се повредени во пукање на прометна улица во американскиот град Филаделфија, соопшти полицијата.

– Четиринаесет лица биле застрелани и хоспитализирани. Тројца од нив – двајца мажи и една жена – подоцна починале во болница од повеќе прострелни рани –  изјави инспекторот Ди Еф Пејс од полицискиот оддел во Филаделфија.






Полицијата пристигнала на местото на настанот и „идентификувала неколку вооружени лица кои отвориле оган врз толпата“ во областа „Саут стрит“, прометна улица во Филаделфија.

– Можете да замислите дека на „Саут стрит“ имаше стотици луѓе, како секој викенд, кога почна пукањето –  рече полицискиот инспектор.

Пејс додаде дека полицијата пукала врз еден од напаѓачите, но не прецизираше дали тој е застрелан.

Засега нема уапсени, објавија локалните медиуми.

Инспекторот Пејс рече дека на местото на пукањето биле пронајдени два пиштола, а полицијата ќе ги проучи снимките од камерите на трговските објекти во областа.

Поврзани содржини