ТРОЈЦА МИНИСТРИ, ДВАЈЦА ЗАМЕНИЦИ И ДИРЕКТОРИ Тоа е цената на Алијанса за Албанците за влез во Владата   

Министерствата за правда и за здравство одат во рацете на Алијанса за Албанците, третата функција ќе биде или министер за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања. Наскоро ќе се откријат и институциите кои ќе ги раководи новата партија во Владата.

1,837

Двајца заменици министри за одбрана и за земјоделство и три министерства ќе добие Алијанса за Албанците со влезот во Владата, соопшти вечерва на прес конференција претседателот на партијата Арбен Таравари.

– Правда и здравство се сигурни, а третото ќе биде или Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања – рече тој.






За кадровските решенија за овие позиции допрва ќе разговара Централното претседателство на Алијанса.

Таравари за утре најави повторна средба со премиерот Димитар Ковачевски и дека можеби утре ќе се промовираат новите имиња на заменици и на министри.

– Има и директорски места, но јас не би навлегувал сега во таква дискусија. Прво да се избере Владата, а потоа ќе ги назначиме нашите директори. Во периодот пред нас ќе се знаат и институциите кои ќе ги раководи Алијанса за Албанците – рече Таравари.

 

 

Поврзани содржини