ТРОЈЦА МИГРАНТИ ЗАГИНАА ВО ЧАМЕЦ ШТО СЕ ПРЕВРТЕ ВО САВА Се обидувале да ја минат границата

Меѓу спасените има и осомничен за трговија со луѓе од Босна и Херцеговина.

41

Поголема група мигранти страдала во раните утрински часови на реката Сава, на делот меѓу Самостан и поранешната Бродјанка во Славонски Брод. Чамецот со кој се обиделе да ја преминат реката се превртел, при што според досегашните информации, загинале три лица, две жени и еден маж.

Пожарникарите, полицијата, итната помош и ХГСС интервенирале веднаш по дојавата и од реката биле извлечени осум преживеани. Според различни извештаи, во чамецот имало меѓу 11 и 13 лица. Според хрватските медиуми, станува збор за мигранти од Кина и од Турција.






Меѓу спасените е и едно лице, државјанин на Босна и Херцеговина, за кое постои сомневање дека е вмешано во трговија со луѓе. Тој е хоспитализиран под полициски надзор.

Поврзани содржини