Директорката на Инфективна, двајца лекари и медицинска сестра се позитивни на ковид-19
Сите се со полесни симптоми и се на домашно лекување.
Тројца лекари и една медицинска сестра од Инфективната клиника се позитивни на коронавирусот. Меѓу заразените е и директорката на клиниката Милена Стевановиќ која добила позитивен тест минатата недела. Според наши информации, таа се чувствува добро и се лекува во домашни услови.
И останатите се со полесни симптоми исе на домашно лекување.
Моментално нема случај на кластер или поголема бројка на заболени од ковид во рамки на скопските клиники.
Пред десетина дена на Клиниката за нефрологија се заразија повеќе од 20 вработени во исто време. Лабораторијата во МАНУ сѐ уште утврдува дали персоналот е заболен од новиот сој на коронавирусот.