ТРОЈЦА КРАДЕЛЕ ВО ОТПАД ВО БИТОЛА Лицата се уапсени, предметите се вратени на сопственикот

Како што информираат денеска од МВР, тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба" на подрачјето на Битола.

109

Полициски службеници од СВР Битола, на 28.11.2022 на ул.„Илинденска” во Битола, ги лишиле од слобода битолчаните С.В.(42), Х.М.(23) и Ѓ.М.(34).

Како што информираат денеска од МВР, тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а С.В. бил баран и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба” на подрачјето на Битола. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица билe задржани во полициска станица.






„Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.  По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани содржини