ТРОЈЦА АМЕРИКАНЦИ ДОБИЈА НОБЕЛ ЗА ЕКОНОМИЈА Ги истражувале банките и финансиските кризи

Наградата ја добија Бен Бернанки, поранешен претседател на американската централна банка ФЕД, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг, соопшти денеска Нобеловиот комитет.

91

Нобеловата награда за економија оваа година им е доделена на тројца американски економисти за нивните истражувања за банки и финансиски кризи.

Наградата ја добија Бен Бернанки, поранешен претседател на американската централна банка ФЕД, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг, соопшти денеска Нобеловиот комитет.






Нобеловците добиваат 10 милиони шведски круни (речиси 900.000 долари), кои ќе им бидат врачени на 10 декември.

За разлика од другите награди, наградата за економија не беше воспоставена согласно тестаментот на Алфред Нобел од 1895 година, туку беше основанa од шведската централна банка во негов спомен. Првиот добитник беше избран во 1969 година.

Поврзани содржини