ТРКАТА ЗА „БЕЛОТО ЗЛАТО“ ВЕЌЕ ЗАПОЧНА Зад можниот конфликт во Тајван се кријат микрочиповите, литиумот, кобалтот…

Микрочиповите во светот зависат од една фабрика во Тајван, додека побарувачката за литиум би можела да порасне десеткратно до 2050 година светските суперсили ќе бараат рудници за да го копаат „белото злато“. Кобалтот, сицилиумот и другите ретки метали ги има најмногу во Јужна Америка и Африка, каде Кина веќе купува имот и влијание. Ќе бидат ли овие земји новите „нафташи“?

1,182

Водечката компанијата за микрочипови во Тајван ТСМЦ, каква што нема во САД и во Кина би можела да престане да работи во случај на воен конфликт. Тоа би значело дека ќе секне производството на чипови за напредните процесори, графички карти, за автомобилите, но и за современите ракети. Компанијата во моментов гради свои фабрики во Аризона во САД и во Јапонија пробувајќи да му се приближи на Западот, но вистината е дека таа не смее да се откаже од својот најголем пазар, а тоа е Кина.

Сериозните изјави на американските официјални лица за евентуалната војна во Тајван, сега можат да се гледаат во ново светло. Трката за суровини од кои зависи модерната технологија не застанува овде, а земјите во развој како Индија, Индонезија, Бразил и Русија се дел од сценариото кое може да се нарече „потрага по белото злато“ или со други зборови литиум – рудата од која се прават батериите во светот, а од која зависат електричните автомобили на Илон Маск, пишува Мондо.






Под „бело злато“ се подразбираат и силициумот, графитот, кобалтот и никелот кои заедно со литиумот можат да го заменат црното злато. Најголеми наоѓалишта за овие материјали има во Јужна Америка и во Африка кои може да станат новите „нафташи“ на 21 век. Кина веќе купува имот и влијание на овие континенти. Кина исто така ја има предноста што ќе може дел од овие руди да ги купува со попуст преку Русија. Но, нивната расштрканост по планетата зборува дека работата ќе биде покомплицирана.

Досега во меѓународната трговија секоја суперсила, САД, Кина или ЕУ се специјализираше за одредена област. Но, по пандемијата со ковид-19 САД и ЕУ станаа ранливи и зависни од трговските текови кои сѐ уште се нарушени поради војната во Украина. Тие пробуваат да го вратат домашното производство на микрочипови и електрични батерии, а истворемено Кина се обидува да го зголеми производството и да стане лидер во еден свет кој е поделен од западните санкции кон Русија.

„Белото злато“ ќе стане 10 пати побарано на пазарот

 Литиумот не се ископува многу во моментов, но ќе биде потребен за следната генерација на батерии што се развиваат. Освен за автомобилски батерии, се користи и за производство на батерии во мобилни телефони, лаптопи, камери и кај пејсмејкерите. Иако не сочинува голем дел од цената на самите батерии, тој е клучна компонента. Улогата на батериите во светската економија само ќе расте, а исто така и литиумот.

Се проценува дека побарувачката ќе порасне за дури 965 отсто до 2050 година, бидејќи автомобилскиот транспорт ќе се префрли од нафта и гас на електрична енергија и батерии. Дел од него ќе дојде преку рециклирање, иако литиумот е многу тежок за рециклирање, но најголемиот дел од новата побарувачка ќе треба да се задоволи со производство во нови рудници, пишува хрватски Индекс.

Литиумот не е при крај, само треба да се најдат резерви?

Литиумот не е толку редок минерал, но тешко е да се најде во доволно висока концентрација за економска експлоатација. Моментално најголемиот дел се произведува во Австралија, а покрај таа земја главни производители се и Чиле, Кина, Аргентина и Бразил. Овие земји имаат најголеми проценети резерви, но се очекува големо зголемување на вкупните докажани резерви бидејќи цената на литиумот расте и неговото значење за светската економија.

Во минатото често се најавуваше речиси исцрпување на многу суровини, како нафта и бакар, но тоа никогаш не се оствари бидејќи секогаш се наоѓаа дополнителни резерви. Тоа е затоа што интензивно расте производството на електрични автомобили.

САД и ЕУ зависат од Кина за батерии

Компанијата Тесла произведе речиси 934.400 автомобили во 2021 година, речиси двојно повеќе од претходната година. Се очекува вкупно повеќе од 10 милиони електрични автомобили да бидат продадени ширум светот до крајот на 2022 година, со најголем раст на пазарот во Кина.

Компанијата БИД, која се наоѓа во Кина, најверојатно ќе ја загрози вкупната продажба на Тесла. Во првата половина од годината, продажбата на електрични автомобили во Кина се зголеми за повеќе од двојно во споредба со истиот период минатата година. Пораснаа и европските и северноамериканските пазари, но не ни приближно толку брзо. Повеќе од овие автомобили ќе се продаваат во Кина отколку во остатокот од светот оваа година, според соопштението на Кси Џинпинг од 2014 година.

Кина особено доминира во производството на електрични батерии, со учество од над 75 отсто од светското производство и 30 отсто од вкупниот светски извоз. ЕУ и САД се целосно зависни од увозот на батерии од неа за производство на електрични автомобили.

Белото злато ќе стане поважно од црното

 Американскиот претседател Џо Бајден најави субвенции во вредност од 2,8 милијарди долари за производство на литиум, графит и никел, клучни минерали за производство на електрични батерии. Сѐвкупно, двопартискиот Закон за инфраструктура, ЧИПС и Законот за намалување на инфлацијата ќе обезбедат 136 милијарди долари за целата индустрија за електрични автомобили.

Целта е половина од автомобилите произведени во САД да бидат електрични до 2030 година. За снабдување на „гигафабриките“ на електрични батерии, САД интензивно бараат нови извори на литиум. Голем рудник во државата Невада треба да започне со производство во 2023 година, иако локалните еколошки активисти и индијанските племиња протестираа против инвестицијата.

Литиумот е наведен во американските документи како „критично важен минерал“, клучен за економската и националната безбедност. Се верува дека во иднина безбедното снабдување со овој минерал ќе стане поважно од нафтата, во која САД со години се самостојни и се еден од најголемите производители во светот.

Русија ќе ја снабдува Кина со силициум, кобалт, манган, никел…

 Сè започнува со суровините, а литиумот е клучен за тоа. Иако Кина нема забележителна предност во овој материјал, има големи резерви на ретки минерали кои се потребни и за производство на микрочипови и на електрични батерии. ЕУ и САД се во многу потешка позиција бидејќи повеќето од ретките минерали се наоѓаат во Кина, Русија, Виетнам и во Бразил.

Ова ѝ дава нова димензија на војната во Украина бидејќи Русија е најблискиот главен извор на минерали од ретки земји за индустријата во ЕУ. Долгорочно, важноста на нафтата и гасот ќе се намали, додека важноста на суровините за производство на микрочипови и електрични батерии ќе се зголеми. Ова се однесува на силициум, литиум, кобалт, манган, никел и графит.

Поврзани содржини