Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка на 10 километри насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, во организација на Сојуз на спортови на Скопје.
Со почеток во 08.30 часот до 10.30 часот стартна позиција е на булеварот Илинден – локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по булеварот Илинден до крстосница со улица Никола Парапунов“, потоа до крстосница со булевар Партизански одреди, десно до Влајков мост каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улица Љубљанска каде што вртат полукружно и по истиот коловоз повторно се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта на локација – фонтана, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници каде што ќе се одвива настанот.