ТРИУМФ НА ГЕРМАНСКИОТ ФИЛМ НА БАФТА Славеа и Остин Батлер и Кејт Бланшет
Германскиот римејк на антивоениот класик „На запад ништо ново“ беше големиот победник на доделувањето на филмските награди на Британската академија (БАФТА) во неделата, триумфирајќи во клучните категории на церемонијата.
Германскиот римејк на антивоениот класик „На запад ништо ново“ беше големиот победник на доделувањето на филмските награди на Британската академија (БАФТА) во неделата, триумфирајќи во клучните категории на церемонијата која се смета за показател за доделувањето на Оскар следниот месец.
Заснована на романот на германскиот автор Ерих Марија Ремарк од 1928 година за ужасите на Првата светска војна од перспектива на еден млад германски војник, драмата на Нетфликс доби рекордни 14 номинации за БАФТА, што ја прави еден од најпознатите филмови на неанглиски јазик во историјата на наградите.
Севкупно, филмот освои седум награди: за најдобар филм, за адаптирано сценарио, за филм кој не е на англиски јазик, за режија на Едвард Бергер, за кинематографија, звук и оригинална музика. „Филм на германски јазик, благословени сме со толку многу номинации и освојувањето на овие награди е едноставно неверојатно“, рече продуцентот Малте Грунерт во својот говор.
Младата холивудска ѕвезда Остин Батлер ја освои наградата за најдобар актер во главна улога за неговиот лик на Елвис Присли во „Елвис“. Во својот говор тој се заблагодари на семејството Присли.
„Се надевам дека ве направив горди, ова ми значи се на светот“, рече тој.
Кејт Бланшет ја доби наградата за главна актерка за нејзината улога на хомосексуалната диригентка на берлинскиот оркестар чија кариера паѓа поради скандалот со малтретирање во „Тар“.