ТРИПУНОВСКИ НЕ ВЕРУВА ДЕКА СЕ МАКЕДОНСКИ ОТРОВНИТЕ ПИПЕРКИ ОТКРИЕНИ ВО ХРВАТСКА Сепак остава службите да проверат што се случило

Минатата недела Државниот инспекторат за земјоделство соопшти дека станува збор за пратка од околу 15.000 килограм пипер, а извозникот не е производител, туку пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.

216

Црвените пиперки извезени во Хрватска кај кои беше утврдено присуство на пестицидот метомил, не се вратени во Македонија, а дали се македонски оставам да проверат службите, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Трипуновски е дециден дека нашите фитосанитарни служби заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), прават контроли во текот на целата година. Државата, како што напомена, има квалитетен земјоделски производ што се употребува и за домашна консумација и преработка и за извоз.






-Пратката пиперки од Хрватска не е вратена во Македонија, Извезена е од нашата држава на 9 септември, контролата што ја прави Агенцијата за безбедност на храна од Хрватска излезе со податоци на 23 септември што е 20 дена отпосле, а тоа отвора простор – дали таа пиперка е македонска. Тоа оставам да го проверат службите. Нашите фитосанитарни служби заедно со АХВ во текот на целата година прават контроли по тип на производство, како што се откупуваат производите. Се прават проби за евентуално зголемено ниво на пестициди. МЗШВ има и посебни програми за мониторинг што ги следи сите земјоделски производи, да види дали се применува периодот на каренца, дали се употребуваат недозволени препарати – изјави Трипуновски.

Тој информира дека извозот на земјоделски производи е зголемен.

– Според Државниот завод за статистика, првите 5 месеци од 2025 година во споредба со истиот период лани бележиме раст во извозот на земјоделските производи во износ од 57 милиони евра. Ако лани извозот тежел 111 милиони евра, годинава во првите 5 месеци е 167 милиони што е добар показател. Зголемениот извоз покажува дека е зголемена и продукцијата, како и цената. Министерството преку програмите кофинансира разни сектори, почнувајќи од младите земјоделци, преку задругите – организирање на пазарите и пласманот преку групирање по тип на производство, кофинансирање на набавка на приклучна механизација, трактори, а дава и грантови за производство од мал обем, инвестиции во делот на наводнување,… Тоа се инпути со кои Владата му помага на земјоделството како дополнителен стимул за негов раст – рече Трипуновски.

Минатата недела Државниот инспекторат за земјоделство информира дека се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија. Како што наведе Инспекторатот, станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер, а извозникот не е производител, туку пиперот го купил од други правни субјекти кои вршат откуп од индивидуалните производители.

Поврзани содржини